Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции на „СпејсЕкс“
Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „СпејсЕкс“ – една од компанијата и една од него лично.
„Секое дете во Америка ќе добие две акции на ‘СпејсЕкс’: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.
Маск уште во октомври најави дека во 2027 година ќе му подари по една акција на „СпејсЕкс“ на секое дете во САД, но во најновата објава го прошири ветувањето, најавувајќи по две акции.
Според податоците на CNBC, Маск поседува околу 4,8 милијарди акции на компанијата. Во САД, на 1 јули 2025 година, живееле околу 72 милиони деца помлади од 18 години.
Извор: b92.net

