МакедонијаСветот на работникот

Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

Во менувачниците низ Македонија има многу пари и малку вработени. Природата на работата не бара ангажман на бројна и посебно квалификувана работна сила, па овој сектор не може да биде значаен работодавач. Кога станува збор за месечните примања, просекот е на нивото на минималната плата. Но, и во тој сегмент има исклучоци што го следат непишаното правило – малку луѓе, големи износи.

Минатата година, во 195 менувачници биле ангажирани 371 лице, што е за деветмина повеќе во однос на претходната 2024 година. Тоа е скромен раст од 2,49 насто кој, пак, е во расчекор со движењето реализирано кај приходите од 12,85 насто. Истовремено, просечната плата се зголемила за 7,45 насто, достигнувајќи 25.412 денари. Заработката растела побрзо од бројот на вработените, но и натаму останува на ниско ниво.

Повеќе тука