СветСветот на работникот

Плата од 2.200 евра, обезбедени сместување и храна, можни и бонуси: „Но сè уште нема соодветни кандидати“

Австриските скијалишта и оваа зимска сезона се соочуваат со сериозен недостиг од работна сила. Хотелите и рестораните ширум земјата тешко наоѓаат келнери, готвачи и друг угостителско персонал, па сè почесто бараат помош од странство.

Како што пишува австрискиот портал Heute, сопствениците на угостителски објекти предупредуваат дека речиси и да нема квалификувани работници од Австрија.

„Пред пандемијата беше тешко да се најде стручно лице од Австрија, но сега е уште потешко“, изјавил сопственик на хотел во тиролскиот град Флис. Тој додал дека многу работници за време на ковид-кризата ја напуштиле угостителската индустрија, смениле професија и никогаш не се вратиле назад.

Поради тоа, бил приморан преку Австриската служба за вработување (AMS) да бара келнери и келнерки од странство за претстојната сезона, која ќе трае од 18 декември 2025 до 6 април 2026 година.

Од кандидатите се бара основно познавање на германски јазик, самостојна и посветена работа, љубезно однесување и пожелно искуство во послужување на храна и пијалаци.

Работодавецот нуди минимална плата од 2.200 евра бруто месечно, со можност за дополнителни исплати, како и бесплатно сместување и оброци.

И покрај интересот, тој вели дека „сè уште нема соодветни кандидати“.

„За жал, досега пристигнаа само несериозни пријави од Мароко“, заклучил австрискиот угостител.

Извор: EUpravo zato / Poslovni.hr