СветСветот на работникот

Немири во една од најсилните германски банки: Работниците на нозе

Работниците во Комерцбанк (Commerzbank) денеска протестирале против обидот на УниКредит да ја преземе оваа германска банка, одржувајќи силен отпор против тој договор.

Ројтерс известува дека вработените, кои свиреле со свирчиња, се собрале во очи на годишното собрание на акционерите на Комерцбанк носејќи транспаренти со натписите „УниКредит, заминувајте“ и „#NEMerger #NOrcel“, алудирајќи на извршниот директор на УниКредит, Андре Орсел.

„Во потполност ни е јасно дека на овој човек не можеме да му веруваме“, рекол за Ројтерс Фредерик Вернинг, дел од синдикатот и член на надзорниот одбор на Комерцбанк.

„Длабоко сме загрижени дека, доколку неговите планови бидат остварени, тие ќе бидат стратешки погрешни, ќе доведат до губење на работни места, а воедно ќе ги загрозат и германските мали и средни претпријатија“, додал тој.

Организаторите соопштиле дека на протестот присуствувале 150 вработени.

УниКредит дал понуда од 35 милијарди евра

За потсетување, италијанската банка УниКредит на почетокот на мај официјално дала понуда за преземање на Комерцбанка преку размена на акции, вредни околу 35 милијарди евра, со што започнал клучниот шестнеделен период во кој акционерите ќе одлучат за судбината на германската банка.

Според податоците, рокот за прифаќање на понудата на УниКредит трае до 16 јуни.

УниКредит нуди 0,485 од своите акции за секоја акција на Комерцбанк, што имплицира цена од 32 евра по акција, односно вкупна вредност на транскацијата од приближно 35 милијарди евра. Понудата е за осум проценти пониска од пазарната цена од околу 34,8 евра по акција, што укажува на тоа дека дел од инвеститорите би можеле да одбијат учество.

УниКредит веќе поседува околу 30 % удел во Комерцбанк и со оваа понуда се обидува дополнително да ја засили својата позиција.

Се противи и Владата

На транскацијата се противи и Владата во Берлин, која има околу 12 % акции во Комерцбанк, како и менаџментот на германската банка кој претходно ја отфрлил иницијативата.

Извршната директорка на Комерцбанк Бетина Орлоп, според тврдењата на порталот Viršaftsvohe, се наоѓа во послаба преговарачка позиција откако акционерите на УниКредит ги поддржале плановите за ширење на влијанието над германската банка.

Германската Влада, според оценките од текстот, се’ повеќе ја прифаќа реалноста дека е тешко да се спречат плановите на УниКредит.

Извор: b92.net