Светот на работникот

Необичен метод на вработување на Стив Џобс: „Тестот со пиво“ за интервјуа во Apple

Додека повеќето интервјуа подразбираат формално седење во сала за состаноци, коосновачот на Apple, Стив Џобс, имал сосема поинаков пристап кон вработувањето – таканаречениот „тест со пиво“.

Според наводите на порталот as.com, Џобс си го поставувал прашањето: „Дали би испил пиво со оваа личност?“ и во согласност со тоа често ги водел интервјуата за време на неформални прошетки, кои потоа продолжувале со оброк и пиво со потенцијалниот вработен.

Целта на пиењето пиво била да се види дали кандидатот е некој со кого Џобс би можел да се „поврзе“ и да изгради однос, што, како што се наведува, во високо формализираната средина на класичниот селекциски процес често е многу тешко.

Пиво и разговор

Пивото, според извештаите, било и начин Џобс да „ги промени правилата на играта“ и да ги пробие однапред подготвените или извежбани одговори на кандидатите на типичните прашања за интервју.

Се наведува и дека Џобс поставувал прашања како: „Што правеше минатото лето?“, како и други подеднакво опуштени прашања, наместо поформални како: „Кога последен пат постигна некој успех?“, со цел подобро да „ѕирне под површината“ на кандидатот.

„Тестот со пиво“ не бил насочен кон точни или погрешни одговори, туку кон тоа Џобс подобро да го запознае кандидатот и да процени дали му се допаѓа неговиот карактер и дали би било пријатно да соработуваат.

Не е познато дали Џобс повеќе сакал лагер или ејл, точено или флаширано пиво.

И покрај привидната неформалност, Џобс секогаш истакнувал дека бара „најдобри таленти“, односно таканаречени „А-играчи“ – кандидати од највисока класа.

Можеби затоа, следниот пат кога ќе избирате вистински кандидат, најдобрата техника е да посегнете по шише пиво – или чаша вино.

Извор: BIZLife.rs