Вести

Нова тужба против OpenAI. Тужителите: Споделувал приватни разговори на корисниците

Против фирмата OpenAI поднесена е нова колективна тужба поради обвинение дека со технолошкте гиганти Мета и Гугл споделувала податоци, вклучувајќи и кориснички прашања од разговори и лични податоци како имејлови и кориснички идентификатори, без соодветно одобрение од страна на корисниците. Во тужбата, поднесена завчера во Калифорнија, се тврди дека OpenAI на тој начин ги крши калифорниските закони за приватност, пишува Futurism.

Обвиненија за кршење на приватноста

Во тужбата се прецизира дека споделувањето на податоци со Мета и Гугл, компании чие работење се темели на целно огласување, го крши Калифорнискиот закон за нарушување на приватноста (CIPA) и Законот за приватност на електронските комуникации. Особено се истакнува интеграцијата на OpenAI со алтаките за следење и прибирање на податоци како што се Meta Pixel и Google Analytics. Според наводите, ChatGPT наводно ги споделува темите на разговор со корисниците, нивните кориснички индикатори и мејлови со Гугл и Мета.

Интимни податоци во рацете на огласувачите

Таквиот модел на прибирање на податоци, често нарекуван „надзорен капитализам“, е темел на кој е изграден денешниот интернет. Иако OpenAI, како и бројни други технолошки компании, во својата политика за приватност наведува дека прибира, меморира и споделува низа на кориснички податоци, чатботовите како ChatGPT се изразено лична технологија.

Познато е дека милиони луѓе им се обраќаат на четботовите за емоционална поддршка и помош во врска со менталното здравје, а многумина го користат ChatGPT и како терапевт. На некои ChatGPT им станал пријател, доверител или дури романтичен партнер на кој му ги откриваат своите најдлабоки мисли и чувства.

Дури и кога не се работи за емоционална врска, корисниците го употребуваат за деловни, здравствени, финансиски и правни совети. Увид во нечии разговори со четбот или нивна алгоритамска анализа може да создаде исклучително интимен и детален портрет на личноста, од секојдневните активности до нејзините внатрешни светови.

Во интеракција со четбот кој се однесува како вистинска личност лесно е да се заборави дека станува збор за производ кој ги прибира, меморира и споделува вашите лични податоци. Неодамнешното воведување на огласи во ChatGPT, кое е наводно доста лукративно, може да послужи како потсетник дека вашиот пријателски четбот всушност ве набљудува.

OpenAI не е единствената мета на тужби

Од OpenAI не одговориле веднаш на барањето за коментар за тужбата. Компанијата не е прва од ВИ индустријата која се соочува со правни проблеми поради приватност и технологија на огласување. Претходно оваа година била поднесена тужба и против компанијата Perplexity.

Тој случај бил доброволно отфрлен, но како што Маделин Бет од организацијата Tech Justice Law Project неодамна рекла за Tech Policy Press, тужбата истакнала дека корисникот го употребувал производот „за правни и финансиски совети, не сфаќајќи дека личните финансиски податоци кои ги споделил со Perplexity им биле откриени на Гугл и Мета по пат на технологија за следење“.

Во денешниот дигитален свет има малку простор кој навистина е приватен. Дури и пред појавата на јавно достапни четботови, веќе бевме нурнати во проблеми со приватноста; ВИ фирмите едноставно ја продолжија таа пракса.

Останува да се види како оваа колективна тужба ќе се расплете, но без оглед на исходот, поуката би можела да биде дека поголемиот дел од ВИ компаниите, на крајот на краиштата, се уште една технолошка компанија. Можеби така треба и да им се пристапи.

Извор: Index.hr