СветСиндикат

Околу 480.000 луѓе учествувале на протестите во Франција

Младинска синдикална организација соопшти дека на протестите што вчера се одржаа низ Франција учествувале околу 480.000 луѓе. На протестите повикале средношколците.

Француските власти синоќа соопштија дека на вчерашните протести низ земјата учествувале околу 266.000 луѓе, од кои меѓу 56.000 и 100.000 во Париз, пренесува „Франс 24“.

Францускиот министер за образование, Едуар Жефре, изјави дека вчера наставата не се одржувала во околу 200 средни училишта низ Франција.

Извор: Tanjug.rs