ЕкономијаСвет

Остар пад на нафтата: Брент се сруши за над 8% под 95 долари за барел

Цената на суровата нафта  од типот Брент синоќа падна за повеќе од осум проценти на помалку од 95 долари за барел, достигнувајќи го најниското ниво за два месеци. Цената на американската сурова нафта WTI падна за повеќе од осум проценти, на помалку од 88 долари за барел, што е најниското ниво во последниот месец, објави „Трејдинг економикс“.
Утрово Брент се тргува по цена од 95,14 долари, додека WTI за 87,90 долари за барел.

Цените беа под влијание на очекувањата дека може да има смирување на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, по изборниот пораз на Републиканската партија на среднорочните избори во САД.