Отказ кој му го променил животот: Бренард Шо на 23 години избрал пишување наместо плата
На почетокот на јуни 1880 година, тогаш 23 – годишниот Џорџ Берндард Шо донел одлука која на многумина денес би им делувала како преголем ризик – дал отказ од телефонската компанија за во потполност да се посвети на пишувањето.
Роден во Даблин, Ирска, Шо го напуштил учлиштето на само 14 години и се вработил во канцеларија за промет на недвижности. По неколку години работа одлучил да го промени животниот правец. Во 1876 година се преселил во Лондон, каде живеела неговата мајка, професорка по музика. Таму обавувал различни работи за да се издржува, додека истовремено се обидувал да изгради книжевна кариера.
Од книжевни критики до ремек – дела
Првиот сериозен успех стигнал низ пишување на книжевни, уметнички и музички критики, кои започнувал да ги објавува во 1885 година. Во исто време станал активен член на новооснованото Fabian Society, организација на социјалистички ориентирани интелектуалци кои се залагале за општествени реформи.
Неговата прва дама, Widowers’ Houses, премиерно е изведна во 1892 година, додека другата, Mrs. Warren’s Profession, предизвикала големи контроверзи поради отворениот приказ на проситуција. Претставата била забранета во Велика Британија, а кога во 1905 година била изведена во САД, полицијата го прекинала изведувањето по една претстава и ги привела актерите и продуцентите. Сепак, судот набрзо го дозволил нејзиното враќање на сцена.
Шо во 1895 година станал театарски критичар на списанието Saturday Review, а неговите текстови имаат значајно влијание на развојот на модерниот театар. Во текот на наредните години објавил низа на драми кои го сместиле меѓу најважните писатели на своето време, вклучувајќи ги Arms and the Man, The Man of Destiny и Man and Superman.
Глас против општествени неправди
Низ својата работа отворено ги критикувал општествените неправди, сиромаштијата, војната, положбата на жените и негативните страни на капитализмот. Неговите дела биле препознатливи по остриот хумор и силните општествени пораки. Посебно место зазема драмата Pygmalion, кој подоцна послужила како инспирација за прочуениот мјузикл и филм My Fair Lady.
Во 1925 година, Шо добил Нобелова награда за книжевност. Паричниот дел од наградата го употребил за основање на англо – шведско книжевно друштво. Познат по едноставниот начин на живот, не консумирал алкохол, кофеин ни месо, ги одбил повеќето од признанијата и продолжил да пишува на постари години.
До смртта во 1950, напишал повеќе од 40 драми и останал запаметен како еден од највлијателните писатели и мислители на 20 век.
Неговата одлука да на 23 години ја напушти сигурната работа можеби тогаш изгледала непромислено, но се покажала како еден од најуспешните кариерни пресврти во историјата на книжевноста.
Извор: BIZLife

