МакедонијаСветот на работникот

Платите на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027

 Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски. 

– Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор според примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата – рече министерот Мисајловски.

Со новиот буџет, додаде тој, опфаќаме сè она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот. 

Михајловски рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година.

Претставниците на репрезентативните синдикати во одбраната и на професионалните војници, Синиша Станчевски и Аднан Алити, го поздравија зголемувањето од 10 отсто и истакнаа дека се задоволни од постигнатото со помош на социјалниот дијалог.