Плаќате се’ во готовина? Наскоро стигнуваат нови правила
Ако преферирате повеќе да плаќате со готовина отколку со картичка, од 10 јули 2027 година би можеле да ве изненадат новите правила. Имено, во сила стапува уредбата на Европската унија која воведува ограничувања кога во прашање е готовината.
Станува збор за Уредбата (EU) 2024/2025 (AMLR), наменета за спречување на користењето на финансискиот систем за перење на пари или финансирање на тероризам, која започнува директно да се применува во ЕУ од 10 јули 2027 година, без потреба за пренесување во националното законодавство.
Со неа се воведуваат ограничувања на готовинско плаќање во деловни транскации. Промените особено ќе ги почувствуваат оние кои сакаат купувањето од 10.000 евра да го извршуваат во готовина.
Како што пишува Феникс Магазин, трговците и давателите на услуги по правило веќе нема да смеат да прифаќаат готовинa за поголеми износи, туку купувачите ќе мораат да ги упатат на некој друг начин на плаќање, како картичка или банкарски трансфер.
При тоа нема да биде дозволено ни делење на износот на повеќе помали готовински уплати бидејќи, доколку се однесуваат на иста деловна трансакција, нивниот износ ќе се собере.
Меѓутоа, дури и ако граѓаните посакаат да платат со готовински износи од 3.000 евра, кај одредени транскации може да бидат подложни на дополнителна проверка на идентитет, што може да вклучува покажување на лична карта или пасош.
Исклучок и понатаму останува продажбата помеѓу две лица, под услов тие да не делуваат во рамките на деловни или професионални дејности. Феникс магазин како пример ја наведува продажбата на автомобил помеѓу две лица.
Новите правила нема да значат укинување на готовината, туку ограничување на нејзината употреба во поголеми деловни трансакции.
Извор: b92.net

