ЕкономијаСвет

Повеќе жени во управните одбори на белгиските јавни претпријатија

Овој предлог произлегува од напорите за хармонизирање на белгиското законодавство со европската директива „Жени во одборот“. Целта на оваа директива е да се зголеми присуството на жени на високи менаџерски позиции во компаниите ширум Европската Унија.

Директивата, која е во сила од 2022 година, налага една третина од членовите на управните одбори и 40 проценти од директорите во јавните претпријатија да бидат жени.

Иако Белгија воведе квоти за застапеност на жените на раководни позиции во јавните претпријатија и компаниите котирани на берзата уште во 2011 година, сега Владата презема дополнителни чекори со овој нов закон за постигнување родова рамноправност на највисоките управни нивоа.

Според статистичките податоци од Белгискиот Институт за родова рамноправност, во 2008 година само 9,2% од претседателите на управните одбори биле жени, додека во 2024 година овој процент се зголемил на 37,3%.

Директорот на Институтот, Мишел Пастел, потврдува дека ова зголемување докажува дека квотите се ефикасен механизам за подобрување на женската застапеност.

И покрај овој позитивен тренд, тој истакнува дека жените и понатаму се недоволно застапени во управните тела на компаниите.

“Практиката покажува дека без обврзувачка регулатива, напредокот во постигнувањето еднаквост останува ограничен и премногу бавен. Квотите не се самоцел, туку ефективна алатка за имплементирање на родовата рамноправност во корпоративниот сектор. Време е да се прошири примената на законот и на управните одбори, така што раководствата ќе го почитуваат принципот на еднаквост меѓу мажите и жените,” изјави Пастел за белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ.

Белгиската Влада разработува законска регулатива која предвидува јавните организации во Белгија во иднина да имаат најмалку една третина жени во своите управни тела.