ЕкономијаМакедонија

Премиерот Мицкоски денеска во посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Битола, каде ќе посети стопански и образовен објект.
Во рамки на посетата, премиерот најпрво ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда на Основното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.

Според владината прес-служба, посетата на фабриката е закажана за 12 часот, додека еден час подоцна Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се реализира реконструкцијата на училиштето.