„Нашата држава инсистрира на зголемување на наталитетот, но не сака да чуе да ги подобри услови за жените, оставајќи ги на милост и немилост на работодавачите“
Сузана Божинкоцева е content specialist, но и една од жените, кои за жал, се соочила со суровста на, едноставно да кажеме системот.
Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот LinkedIn пост во кој ја објаснува нејзината ситуација
Се ближи годишнината од моето хорор искуство за кое малку се зборува. Обично се ќути за ова, но доста беше ќутење If you ask me. Верувам многу жени/мајки ќе се пронајдат во ова. А за останатите, никогаш да не се повтори.
Како вчера да беше. 27-ми Декември 2024-та година. Син ми само што се разбуди од претпладневната дремка и ми стигна Вибер нотификација од мојата претпоставена.
– Сузе, имаш малку време да се чуеме?
-Да да, само да сменам пелена. Те барам за 5 минути, одговорив јас.
Искрено мислев дека повикот е за продолжување на договорот во компанијата кој ми завршуваше на 31-ви Декември (договорот беше на определено време). Мислев дека и ме бараат за Secret Santa или за собирање средства за Бадниковата паричка. Се освен шокот кој следеше со тој повик.
-Ти се јавувам да те известам дека договорот нема да ти ги продолжиме. Ќе се снајдеш ти. Можеш да се вратиш на фриленсерството, а ќе ти тече и плата од Фондот до завршување на трудничкото.
Hint… Дома бев со 6 месечно бебе.
Од ова наше државиче после Нова Година ме известија дека поради престанокот на работниот однос (и немање валиден договор), не се должни да ми ги исплатат преостанатите плати кои ми следуваат според закон. Да да. Морав да фаќам врски, да се јавувам, да молам да ми ги исплатат платите до крајот на трудничкото отсуство,
На интервјуата редовно ме прашуваа за потенцијални отсуства, боледувања или хибриден модел на работа кои наводно ги барале мајките со мали деца. Ги уверував дека имам „village“ позади мене. Детето си оди во градинка, а ако случајно се разболи има и кој да помогне. Имам свекрва, мајка, сопруг па нема да отсуствувам ниту минута, а не па ден. Се тоа беше залудно.
Интересно е што ова наше државиче инсистира на жените да раѓаат, инсистира на зголемување на наталитетот, а не сака ни да чуе за да ги подобри условите кај жените кои откако ќе родат се оставени на милост и немилост на работодавачите?
Видете… Ми требаа 4+ години, 3 ин-витро процедури, 3 инсеминации, 1 операција, над 1000 апчиња, инјекции со хормони и преку 2000 инјекции со Клексани за да го добијам тоа прекрасно дете. И верувајте е прекрасен.
Ако постои Господ, како да гледаше колку се мачевме да го добиеме и најверојатно рече:
-Ок, после целата таа мака, целиот тој стрес, ви го подарувам најпрекрасното, најсовршеното дете на свет.
И сум благодарна за тоа. Само тоа ми е важно сега.
За крај, по се што поминав, направи само да ми се смени мојата перспектива. Да, се вратив на фриленсерството (remotely), но добив нов поглед на мојата иднина. Сега знам што сакам, што не сакам и што дефинитивно сакам да го променам ако евентуално би се вратила на in-office работа. Се смени и мојот карактер. Вајда ме промени од корен. До тој момент трпев се и сешто. Од мобинг, до психолошка тортура во таа фирма.
Сега немам толеранција ни за невкусни шеги, а не па мобинг. Не за џабе рекле….
If it doesn’t kill you, it will only make you stronger. If anything,… it did make my balls out of steel.

