МакедонијаСветот на работникот

ФРИЛЕНСЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА УПЛАЌААТ ПЕНЗИСКО – Лазар Јовевски во поткастот „Каде се парите?“

Универзитетскиот професор и советник на премиерот, Лазар Јовевски, во поткастот „Каде се парите?“, најавува голема промена за илјадници фриленсери кои во моментов работат без фирма и без никакво пензиско покритие.

Тој открива дека државата подготвува нов закон кој ќе им овозможи самостојно да уплаќаат придонеси за пензиско осигурување, со минимална основица поврзана со минималната плата.

Јовевски потенцира дека фриленсерите одамна бараат да им се овозможи да стекнат стаж и право на старосна пензија, бидејќи времето минува и многумина ризикуваат да останат без доволни години за пензионирање. Законот, како што вели, е во финална фаза.

Повеќе тука