Професии кои некогаш биле неопходни – а технологијата денес ги избришала
Технологијата во текот на историјата избришала цели професии. Работните места кои некогаш биле потребни за секојдневен живот станале излишни кога се појавиле електричната енергија, машините, автоматизацијата и дигиталните уреди.
Некои од нив денес постојат во ретки или церимонијални облици, додека други во потполност исчезнале. Сепак, приказните за овие занимања покажуваат колку брзо начинот на живот може да се промени и потсетуваат дека ниту работните места кои денес се дел од секојдневието не се нужно засекогаш сигурни.
„Човечки будилник“
Пред луѓето да имаат аларм на телефонот или класичен будилник, постоеле т.н. knocker-uppers, односно луѓе чија работа била да будат други луѓе.
Во главно рано наутро оделе по куќи и тропале на прозорците со помош на долги стапови или други предмети се’ додека не биле сигурни дека ги разбудиле. Ова било особено важно за работниците кои морале да станат многу рано.
Запалувачи на улични лампи
Пред електричното осветлување, уличните лампи на гас морале рачно да се плат секоја вечер и да се гаснат наутро. Тоа било работа на lamp lighters, односно запалувачи на лампи.
Тие оделе по улиците со долги стапови и ги палеле лампите една по една. Развојот на електричната енергија го направил ова занимање непотребно.
Луѓе кои ги „слушале“ авионите
Пред развојот на современите радари постоеле луѓе чија работа била со помош на огромни акустични уреди да го слушаат звукот на авионите.
На основа на звукот на моторот се обидувале да откријат од која насока доаѓа авионот. Ваквите уреди биле особено користени во воени цели, но развојот на радарската технологија ги направил застарени.
Поставувачи на чуњеви во куглани
Денес кугланите користат автоматизирани системи кои ги враќаат и поставуваат чуњевите. Некогаш тоа го правеле луѓе.
Pinsetters рачно ги собирале соборените чуњеви и повторно ги поставувале по секое фрлање на куглата. Во прашање биле млади работници, а автоматизацијата нивната работа ја направила непотребна.
Млекари
Доставувањето на млеко до куќниот праг било вообичаено ширум светот. Млекарите рано наутро оделе по домаќинставата и доставувале свежо млеко.
Развојот на фрижидерот, супермаркетите и промената на начинот на купување постепено довеле до исчезнување на ова занимање од секојдневниот живот, иако доставата на млеко во одредени земји и понатаму постои.
Читачи во фабрики
Една од необичените професии била т.н. factory lectors – луѓе кои во текот на работното време на работниците им читале на глас.
Во фабриките во кои луѓето извршувале репетативни мануелни работи, читачите често читале весници, книги или други текстови за на работниците да им ги олеснат долгите смени.
Градски гласници
Пред весниците, радиото, телевизијата и интернетот, town criers, односно градските гласници, биле еден од главните начини за ширење на важните информации.
Тие на јавни места гласно објавувале вести, одлуки на властите и други соопштенија. Иако денес во главно постојат во церемонијален облик, некогаш имале важна улога во информирање на населението.
Ловци на глувци
Пред современите методи за контрола на штетниците, ловењето на глувци било посебно важно во градовите.
Луѓето кои се бавеле со оваа работа користеле различни методи и замки за да ја контролираат популацијата на глодари, особено во периодите кога глувците претставувале сериозен здравствен проблем.
„Возачи“ на трупци
Пред развојот на современите транспортни системи, трупците често се превезувале преку реки.
Log drivers ги насочувале големите колични на трупци кои пловеле низводно, спречувајќи ги да не заглават и да создадат опасни блокади. Работата била физички изискувачка и ризична, а исчезнала со развојот на модерните начини на транспорт на дрва.
Филмски проектанати
Пред дигиталните проектори и стриминг платформите, за прикажување на филмови во кината биле задолжени проектантите.
Тие ракувале со големите филмски траки, менувале ролни и се грижеле за тоа проекцијата да помине без проблем. Дигитализацијата на кината во потполност ја променила оваа професија.
Човечки калкулатори
Пред калкулаторите и компјутерите, постоеле луѓе чија работа била да извршуваат сложени математички пресметки.
Овие „човечки компјутери“ често работеле во науката, инженерството, астрономијата и други области. Посебно е интересно што меѓу нив биле и бројни жени, чија работа била клучна за различните научни и технолошки проекти.
Денес, кога речиси секој носи моќен компјутер во џебот, тешко е да се замсили дека некогаш за пресметување било потребно да се ангажираат цели тимови на луѓе.
Исчезнувањето на овие занимања покажува колку технологијата може да го промени пазарот на трудот. Професиите кои некогаш биле неопходни можат за само неколку децении да станат потполно непотребни.
Затоа е интересно е прашањето што ќе се случи еден ден со позициите кои денес се дел од нашето секојдневие. Ако некогаш постоеле луѓе чија работа била да будат други, да палат улични лампи или рачно да поставуваат чуњеви, не е тешко да се замисли дека и некои денешни занимања можат да се најдат на истата листа.
Извор: BIZLife.rs

