Се крена Германија: Работниците НЕ ДОЗВОЛУВААТ затворање на познатата фабрика – „Нема да поминете!“
Водечките претставници на работниците во Volkswagen порачаа дека нема да дозволат затворање на фабрики, и покрај силниот притисок од управата за спроведување мерки за кратење на трошоците, пренесува Reuters.
Додека менаџментот, поради падот на профитот и сè посилната конкуренција, бара драстични мерки за штедење, синдикатите остануваат на ставот дека се подготвени за решенија кои ќе обезбедат долгорочна иднина за германските погони.
Највисоките претставници на работниците испратија јасна порака до управата – затворање фабрики во Германија не доаѓа предвид.
Претседателката на работничкиот совет Даниела Кавало, лидерот на синдикатот IG Metall Кристијан Бенер и регионалниот синдикален претставник Торстен Грегер потврдија дека стојат зад договорот од 2024 година, со кој се гарантира сигурноста на германските фабрики и се исклучуваат принудни отпуштања.
„Со нас, како централен работнички совет и синдикатот IG Metall, нема да има затворање фабрики“, порачаа претставниците на работниците.
Нивниот став доаѓа во момент кога Фолксваген се соочува со сериозна криза, а управата, предводена од извршниот директор Оливер Блуме, сè поотворено зборува за потребата од реструктурирање и намалување на вишокот производствени капацитети.
Притисокот врз работниците и синдикатите се темели на слабите деловни резултати. Нето-добивката на групацијата паднала за 44,3 проценти, на 6,9 милијарди евра, додека оперативната маржа се намалила од 5,9 на само 2,8 проценти.
Во меѓувреме, основниот бренд „Фолксваген“ станал значително помалку профитабилен.
Извор: Telegraf Biznis

