Светот на работникот

Се плашите од отказ? Еве како да се подготвите за најлошото сценарио додека се’ уште имате работа

Стравот од отказ може да биде исцрпувачки, особено кога ќе започнат гласините за намалување на бројот на вработени или кога компанијата поминува низ период на неизвесност. Сепак, наместо да чекате најлошото сценарио да се случи, експертите советуваат однапред да се подготвите за него.

Звучи помалку како однесување на „preper“, луѓе кои однапред се подготвуваат за катастрофи, но токму тоа е идејата. Не морате да очекувате апокалипса за да имате план Б. Доволно е да знаете што имате на располагање, колку долго можете да функционирате без плата и што би направиле ако работата изненадно исчезне.

Знајте со што располагате

Ако ги забележите првите знаци дека во компанијата би можело да дојде до отпуштања, немојте да чекате ситуацијата да се разјасни сама од себе.

Првиот чекор е едноставен: направете преглед на своите финансии.

Колку пари моментално имате? Колку ви изнесуваат месечените трошоци? Колку долго би можеле да ги покривате основните потреби без редовна плата? Проверете и какви заштеди и други средства би можеле да искористите во случај на потреба.

Таквиот преглед можеби нема одма да го реши проблемот, но ќе ви даде појасна слика за тоа колку време имате да останете без работа.

Искористете го она што моментално ви е достапно

Ако постои можност наскоро да останете без работа, проверете што работодавачот ви нуди во случај на престанок на работниот однос.

Тоа може да биде отпремнина, неискористен годишен одмор или други поволности кои имате право да ги искористите. Важно е да ги знаете своите права и да не претпоставувате дека се’ ќе се реши автоматски.

Исто така, ако имате некој дополнителн извор на приходи, сега е моментот да размислите како би можеле да го развиете. Повремени ангажмани, фриленс „тезги“ или вештини кои можете да ги кеширате можат да претставуваат важна резерва ако платата изостане.

Намалете ги трошоците пред да морате

Ако постои реален ризик од отказ, не е лоша идејата привремено да ги преиспитате своите трошоци.

Претплатите кои речиси не ги користите, доставата на храна, импулсивниот шопинг или чланарините кои можете да ги паузирате можеби поединечно не делуваат значајно, но кога ќе се соберат, можат да претставуваат сериозен дел од месечниот буџет.

Поентата не е веднаш да започнете да живеете како финансиската криза веќе да настапила. Целта е да направите поголем простор во буџетот и, ако можете, зголемете ја вашата резерва.

Направете свој „тим за поддршка“

Губењето на работата не е само финансиски проблем. Отказот може да влијае на самодовербата, секојдневната рутина и чувството на сигурност.

Затоа е корисно однапред да размислите за луѓето на кои можете да им се обратите ако дојде до тоа.

Тоа не мора да биде само лице кое ќе ви рече дека „се’ ќе биде во ред“. Потребни ви се луѓе кои ќе ги сослушаат вашите стравови, но и ќе ви помогнат да направите конкретен план – од средување на CV-то до поврзување со потенцијални работодавачи.

Вашата мрежа на контакти може да биде посебно важна кога ќе почнете да барате нова работа. Затоа немојте да чекате да останете без работа за да повторно се јавите на некој поранешен колега и на деловните контакти.

Не дозволувајте стравот во потполност да ве блокира

Ако сепак добиете отказ, сосема е нормално да ви требаат неколку дена за да се приберете. Не морате првото утро по отказот да станете во шест и да почнете да испраќате CV-ја на десет адреси.

Но немојте и да дозволите деновите во потполност да ви се претворат во чекање.

Поставете си себеси нова рутина. Одредете време за барање на работа, средување на CV-то и LinkedIn профилот, разговори со контакти и усовршување. Излезете од дома, бавете се со физички активности, разговарајте со луѓе.

Кога ќе исчезне работата, лесно е да го изгубите чувството на структура која до тогаш одредувала голем дел од денот. Токму затоа важно е да се направи нова рутина.

Подготовката не е исто што и паниката

Стравот од отказ не значи дека треба секој ден да го очекувате најлошото. Но исто така, игнорирањето на можноста да останете без работа нема да го направи тоа сценарио помалку болно ако се случи.

Ако имате финансиска резерва, ги знаете своите можности, одржувате контакти и имате план за барање на нова работа, губењето на работата повеќе не е потполна непознаница.

Подготовката не значи да очекувате катастрофа. Значи само дека сакате, ако дојде до неа, да бидете во нешто подобра позиција за да ја пребродите.

Извор: BIZLife.rs