МакедонијаСветот на работникот

Сиромаштијата во Македонија останува еден од најголемите проблеми

Сиромаштијата е длабоко навлезена во порите на македонското општство

Македонија останува умерено подготвена во полето на социјалната политика и вработувањето, констатира најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот на Поглавјето 19: Социјална политика и вработување.

Има мал напредок во понатамошното намалување на невработеноста и зголемување на социјалната помош. Спореведувањето на Гаранцијата за млади на национално ниво продолжи, посочува Европската комисија.

Сепак, сиромаштијата останува еден од најголемите проблеми, со оглед на тоа дека илјадници луѓе едвај успеваат да го преживеат месецот.

Понтаму, во Извештајот се наведува дека капацитетот на дијалогот помеѓу социјалните партнери (синдикатите, работодавачите и Владата) треба да продолжи да се зголемува. Исто така, Македонија треба да го адаптира законодавство на ЕУ кое се однесува на не-дискриминација и еднаквост, вклучувајќи ја и родовата еднаквост.

Извештајот нагласува дека минатогодишните препораки биле делумно имплементирани и затоа остануваат да важат. Во претстојната година, Македонија особено треба да:

  • Преземе чекори за да ја усогласи националната легислатива со законодавството на ЕУ и стандардите за еднаквост и не-дискриминација при вработување, вклучувајќи ги и директивите за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, транспарентност на платите и за жените во управните одбори.
  • Да продолжи да ги имплементира стратегиите за активација на пазарот на труд на младите луѓе, долгорочно невработените и луѓето со ниско ниво на вештини, како и жените, лицата со попреченост и Ромите, и да овозможи соодветна евалуација на овие мерки.
  • Да го зголеми капацитетот на Државниот инспекторат за труд, за да може да се справи со проблемите поврзани со безбедност и здравје при работа, да се воспостави систем за мониторирање на повредите и смртните случаи на работните места и да го зајакне бипартитниот социјален дијалог помеѓу работодавачите и работници; да воведе рамка за мониторирање и евалуација на социјалните услуги и да ги унапреди реформите за социјална заштита, создавајќи посилни конеции со иницијативите за активација на вработувањето и зајакнување на социјалниот дијалог.

Она што секој граѓанин на Македонија сака е да се намали сиромаштијата. Владата мора да изнајде начин да го направи тоа.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk