СОНК одржа средба со Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Денес беше одржана работна и конструктивна средба меѓу претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Средбата помина во позитивна и отворена атмосфера, при што се разговараше за повеќе заеднички теми од интерес, како и за тековните проблеми со кои се соочуваат вработените.
Во текот на разговорите беа разменети мислења, ставови и предлози за можни решенија, со цел унапредување на состојбите и подобрување на меѓусебната соработка. Двете страни ја истакнаа подготвеноста за продолжување на дијалогот и заедничко делување во насока на надминување на предизвиците и остварување на заедничките цели.

