СОНК побара одговор од министерството за социјална политика во врска со административната работа на воспитувачите за време на годишни одмори
СОНК побара одговор од министерството за социјална политика, а во врска со административната работа на воспитувачите за време на годишни одмори.
Имено, во пракса имаме различно толкување од страна на одредени инспекциски службеници, кои без законска основа ( според СОНК ), ги задолжуваат воспитувачите да водат два дневници истовремено при замена на колега за време на годишен одмор или боледување.
СОНК смета дека, ваквите лоши политики на одредени инспектори, дополнително ги оптеретува воспитувачите со администрирање, иако во период на годишни одмори работат со две воспитни групи и безмалку дуплиран број на деца предвидени со Норматив и Закон.

