СОНК учествуваше на Економско – социјалниот совет
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Стојко Рамов и поранешниот претседател на синдикатот Јаким Неделков денеска учествуваа на седницата на Економско – социјалниот совет.
Според објавата на Фејсбук на седницата се расправало за „законот за празниците, методологијата на пресметка на просечната потрошувачка кошничка изработена од Владата, предлог Законот за докуп на работен стаж до 15 години и други актуелни прашања од сферата на социјалниот и економски статус на работниците“.

