Светот на работникот

„Што ми требаше ова во животот“ – Србинка ја открила вистината за сезонската работа во Хрватска

Србинката Бојана Топаловиќ шеста сезона работи на хрватското кајбрежје и отворено зборува за тешките услови на сезонската работа во Мал Лошињ, истакнувајќи дека стресот, двојните смени и заморот се реалноста која стои зад сликата „работа на море“.

Веќе еден месец е на Мал Лошињ, а во новото видео кое го објавила на Инстаграм се обидела да одговори на вечното прашање на сите учесници во сезоната: „Што ми требаше ова во животот?“

„Знам дека звучи како многу, и навистина е многу, и што сето ова ми требаше во животот“, вели на почетокот на видеото, во кое наведува дека во текот на шесте сезони работела како келнерка, шеф на смена, заменик шеф, а оваа година работи како менаџер на ресторан.

„А, како е во текот на сезоната? Па, некои денови се ужасни, а некои не се. А, кога ќе ја завршите смената и ќе речете: ‘Па, денес беше навистина добар ден на работа’, тоа е само за луѓе кои сакаат да работат во стресни ситуации“, објаснила таа.

Исто така, тврди дека пресметката е јасна.

„Платено сместување, платена храна, пристојна плата. Успевате нешто да заштедите. Постои реченица која многу ми се допаѓа, а вели: ‘Не морате да ја сакате својата работа се’ додека го сакате животот после работата, живот кој таа ви го овозможува.’ Или, како ние овде што би рекле: ‘Па, се’ е во вашата глава’“, вели Бојана.

Бојана, археолог по професија, веќе пет години живее во Виетнам каде предава англиски јазик, а летата ги поминува работејќи во Хрватска.

Во претходните објави веќе признала дека работата е прилично тешка и дека на плажа оди само неколку пати неделно, пишува Dnevno.hr.

„Секој кој работел сезонска работа знае колку тешко се заработуваат парите, а од дома ви велат да испратите некои фотографии од море. Па, секако, нема да испраќам фотографии од работа, од внатрешноста на ресторанот. Иако објавите и фотографиите на социјалните мрежи зборуваат едно, реалноста не е само околу плажата. Има полно работа, двојни смени, се преминува од втора во прва смена, често немате ни време да отидете на плажа. Но затоа со денови сум среќна кога ќе успеам да отидам на плажа, бидејќи луѓето плаќаат да дојдат тука, а јас сум тука цело лето“, рекла таа.

Извор: Bizportal.rs