СветСветот на работникот

Технолошкиот гигант ги менува правилата: Отпушта повеќе од 1.200 вработени

Австралиската технолошка компанија Канва, која го развива истоимениот софтвер за графички дизајн, денеска објавила дека ќе отпушти 1.271 вработен, односно околу 22 % од работната сила, поради забавување на растот на своето работење.

Коосновачката и извршна директорка на компанијата Мелани Перкинс им соопштила на вработените дека Канва мора да ја промени организацијата на работењето за да одговори на забавувањето на растот, кое е за првпат забележано во последните 10 години, пренесува Тех кранч.

„Во текот на изминатите 13 години го претворивме сонот од деловен план во платформа која ја користат стотина милиони луѓе. Ништо од тоа не би било можно без талентот, имагинацијата и посветеноста на сите кои беа дел од овој пат. Сепак, успехот во првото поглавје не гарантира успех во следното. Ова беше нашата најтешка година досега“, навела Перкинс.

Канва ќе ја промени организациската структура и ќе ги спои тимовите за развој на производи, раст и платформа за да ги намали проблемите во комуникацијата.

Компанијата планира и намалување на специјализациите на поединечни вработени, што значи дека од нив ќе биде очекувано да преземат поширок круг на одговорности.

Покрај тоа, Канва преминува на хибриден модел на работа, според кој вработените неколку дена неделно ќе мораат да работат од канцеларија.

Фирмата развива сопствени модели на вештачка интелигенција за да ги намали трошоците и зависноста од решенијата на други добавувачи.

Канва сепак ја намалила прогнозата за раст на приходите на 20 %, од претходно очекуваните 30 %, токму поради наглиот раст на трошоците поврзани со ВИ.

Иневститорите поради послабите изгледи за раст претходно оваа година ја намалиле процената на вредноста на Канва на околу 35 милијарди долари.

Извор: b92.net