Светот на работникот

Вештачката интелигенција нема да ја скрати работната недела, ќе се работи уште повеќе, тврди основачот на ChatGPT

Претпоставката дека зголемената количина на работа што ја носи вештачката интелигенција на крајот треба да нè направи „среќни“ изгледа навредливо.

Критиките се уште поостри бидејќи доаѓаат од човек кој одигра клучна улога во процесите што го оштетија пазарот на трудот и влијаеја на зголемувањето на трошоците за живот.

Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, верува дека вештачката интелигенција нема да доведе до пократка работна недела.

Неговата проценка е спротивна на долгогодишните најави за технолошкиот напредок и доаѓа и покрај неговото контроверзно тврдење дека човештвото веќе влегло во фазата на сингуларност, пишува Futurism.

За време на гостувањето во подкастот „Relentless“, Алтман забележа дека општеството никогаш не успева да постигне значително пократко работно време масовно, иако технологијата постојано им ветува на луѓето дека ќе работат помалку и ќе имаат повеќе слободно време.

„Не очекувам вештачката интелигенција да го промени тоа“, додаде тој.

Наместо да се стреми кон подобра рамнотежа помеѓу работата и животот, директорот на OpenAI тврди дека луѓето всушност ќе бидат посреќни ако продолжат да работат напорно.

„Верувам дека во светот по суперинтелигенцијата, сите ќе бидеме многу позафатени отколку што очекувавме. Сè уште ќе се жалиме за тоа, но тајно ќе бидеме среќни“, рече тој.

Промена на насоката

Технолошките лидери долго време ветуваа дека работата наскоро би можела да биде нешто од минатото.

Според овие најави, екстремно способните модели на вештачка интелигенција требало да преземат монотони и макотрпни работни места, што би им овозможило на луѓето да се посветат на она што го сакаат.

Сфаќањето на ситуацијата од страна на Алтман е многу различно и сигнализира голема промена во доминантниот наратив.

Наместо да ги ослободи работниците, технологијата сега треба да ги оспособи да работат уште понапорно.

Во пракса, ова значи дека вештачката интелигенција ги охрабрува вработените да работат повеќе, а не помалку.

Таквото „интензивирање“ на работните улоги веќе води до сè почесто „прегорување“ на работа.

Покрај тоа, постои постојана закана од отпуштања, со оглед на тоа што бизнис лидерите најавуваат замена на работните места со вештачка интелигенција.

Психијатрите предупредуваат дека таквата неизвесност има разорен психолошки ефект.

Вработените кои остануваат на своите работни места честопати мора да ги преземат одговорностите на своите поранешни колеги, што дополнително ја влошува нивната ситуација.

Последици во реалноста

Фактот дека дури и лидерите на развојот на вештачката интелигенција не предвидуваат подобрување на ситуацијата со напредокот на технологијата изгледа обесхрабрувачки.

Иако политичари како американскиот сенатор Берни Сандерс сè уште се залагаат за четиридневна работна недела што би била овозможена од вештачката интелигенција, се чини дека технолошките лидери се откажале од таа идеја.

Претпоставката дека зголемената количина на работа што ја носи вештачката интелигенција на крајот треба да нè направи „среќни“ изгледа навредливо.

Критиките се уште поостри бидејќи доаѓаат од човек кој одигра клучна улога во процесите што го оштетија пазарот на трудот и влијаеја на зголемувањето на трошоците за живот.