ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

ВМРО – ДПМНЕ: Над 55 илјади работници на улица и 1.5 милијарди евра зголемен долг, ова е економската способност на СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Коста Костадинов подобро да објасни за парцелата на Водно за која медиумите пишуваат дека е поврзан и путерот на главата, отколку да се обидува да манипулира дека блескаме.

Зоран Заев е најнеуспешниот премиер кој успеа за само една година да остави 55.000 луѓе без работа.

Апашлукот на Заев нема крај. Тој за една година го зголеми долгот за 1.5 милијарди евра, а економијата и граѓаните не видоа никаков бенефит.

Наместо поволности и ослободувања, имаме нови давачки, како новите патарини на автопатот Скопје – Штип.

Нема нови инвестиции, па затоа се презентираат комерцијални преземања на фирми како странски инвестиции, нешто што е редовна пракса во светот и се случува секој ден, Владата го претставува како врвен дострел. Жално и срамно.

Костадине, а да кажеш нешто за парцелата на Водно?