Вработени во ресторан ѝ послужиле на жена храна од контејнер, па ѝ плукнале во нарачката: Случајно откриен грозоморниот чин, управата веднаш реагираше
Три работнички во познат синџир за брза храна се уапсени откако на муштерика, која имала поплака за нарачката, наводно ѝ послужиле храна извадена од канта за ѓубре и дополнително плукнале во неа, соопшти полицијата.
Алаја Шунтаи Сандерс (23), Тринити Лашел Рајс (19) и Шадела Кристал Холи се уапсени во периодот меѓу 16 и 22 јуни поради бизарниот инцидент кој се случил на крајот на мај во ресторан на синџирот „Wendy’s“ во Јужна Каролина, САД.
Сè започнало со обична поплака
Според полицискиот извештај, на 31 мај муштериката нарачала храна во ресторанот во градот Јунион (околу 100 километри источно од Гринил), но бидејќи имала забелешка за оброкот, побарала рефундација на парите.
Вработените ѝ соопштиле дека ќе ѝ подготват нова нарачка, по што ѝ ја врачиле храната за која тврделе дека е тукушто направена.
Шокантен телефонски повик за време на јадењето
Жената почнала да јаде додека излегувала од ресторанот, но набрзо добила телефонски повик од едно лице вработено во објектот. Лицето ѝ открило сурова вистина – колешките плукнале во нејзината храна, која претходно ја извадиле од ѓубрето.
По овој повик, жената подетално го прегледала оброкот и во полиција изјавила дека сфатила оти всушност ја добила истата храна што првично ја вратила како неисправна. Таа веднаш се јавила во ресторанот за да разговара со менаџерот, кој по соочувањето со вработените потврдил дека инцидентот навистина се случил.
Експресна реакција од компанијата и итни откази
Од компанијата „Wendy’s“ најостро го осудија овој настан, нагласувајќи дека станува збор за целосно неприфатливо однесување, и потврдија дека сите три работнички веднаш добиле отказ.
„Ова е изолиран инцидент кој се случи во еден ресторан во Јужна Каролина. Франшизниот сопственик кој управува со овој објект случајот го сфати крајно сериозно и веднаш ги отпушти лицата за кои постои сомневање дека се вмешани“, се наведува во соопштението на компанијата.
Портпаролот на синџирот додаде дека е спроведена детална внатрешна истрага и дека компанијата целосно соработува со полицијата.
„Ваквото однесување воопшто не ги одразува вредностите на ‘Wendy’s’, кои подразбираат почит кон луѓето и правилно постапување.“
Трите жени се соочуваат со сериозни кривични пријави за неовластено менување и контаминација на прехранбени производи наменети за човечка исхрана, а истрагата за целиот случај сè уште е во тек.
Извор: sd.rs

