Забрануваат продажба на алкохол навечер: од 20 часот до 6 наутро нема да можете да купите
Новите предлог измени на Законот за трговија во претходните неколку денови предизвикал голема дебата меѓу градовите на Јадранот, но и ширум Хрватска.
Темата, која на прв поглед делува едноставно, ограничување на ноќната продажба на алкохол, всушност поставува многу пошироко прашање: како да се усогласат туризмот, животот на граѓаните, јавниот ред и слободата на претприемништвото, пишува 24часа.
Се’ започнало по политичката иницијатива на сплитскиот градоначалник Томислав Шута, кој уште минатото лето го отворил прашањето за неконтролираната ноќна продажба на алкохол во центарот на Сплит. Тогаш изгледало дека од целата приказна дека нема ништо, бидејќи Министерството за економија порачало дека измените „нема да се реализираат“ без долготрајни анализи и процедури.
Меѓутоа, ситуција набрзо се променила. Министерството потоа најавило дека сепак Законот за трговија ќе биде изменет до летото 2026 година, а сега е јасно дека тој процес и официјално го започнале.
Сплит прв воведува забрана
Градоначалникот на Сплит Шута го пофалил владиниот предлог и рекол дека градот Сплит, штом се заврши законската процедура, ќе предложи забрана на продажбата на алкохол од 20 до 6 часот наутро во продавниците, киосците и продавниците за алкохолни пијалаци.
„Градот Сплит ги поддржува законските решенија кои им овозможуваат на едниците на локалната самоуправа да усвојат мерки насочени кон заштита на јвниот ред, мир и квалитетот на животот на граѓаните, особено во подрачја со повисок туристички и ноќен сообраќај“, рекол Шута.
Градоначалникот на Задар Шиме Ерлиќ, исто така, ги поддржал измените. Тој верува дека новиот закон ќе помогне во воспоставувањето на ред во текот на летните месеци.
„Мислиме дека тоа е добро бидејќи законот ќе ни овозможи да ја ограничиме продажбата на алкохолни пијалаци во текот на сезоната на Полуостровот, во продавниците и киосците. Она што морам да го нагласам е дека забраната за продажба на алкохол во вечерните часови не би се однесувала на угостителските објекти, туку само на продавниците, киосците и специјализираните продавници на алкохол“, рекол Ерлиќ.
Од друга страна, не сите градоначалници се задоволни од идејата со забраната. Миро Буљ смета дека ова е претерување и некој вид на политички пиар.
„Ова е тривијализација на проблемот. Кога гледам натпревар, главните спонозри се продавачите на алкохол. Не гледам цел да се ограничи“, рекол Буљ.
Многу повнимателен став зазел Пеѓа Гурбин. Не сакал да ја прејудицира одлуката пред законот да биде усвоен.
„Кога ќе биде усвоен, ќе донесеме одлука, во согласност со текстот на законот“, накратко рекол Гурбин.
Извор: b92.net

