Потпишан договор: Продаден гигантот од месната индустрија, прочуен уште од ерата на Југославија
Компаниите BOSQAR INVEST и Фортенова Груп денеска објавиле дека потпишале договор за купување на деловен дел, според кој Bosqar планира да стекне 100 % удел во ПИК Врбовац, еден од водечките хрватски произведувачи на месо и месни преработки.
По завршувањето на трансакцијата, ПИК Врбовец ќе се приклучи кон вертикалата на Bosqar „Future Food“, заедно со Panavita Group, водечка словенечка земјоделско – прехрабена групација и Minar Group, водечка пекарска групација во регионот на Адрија. Планирано е транскациите да се спроведат во партнерство со постоечките акционери, семејството Поланиќ, соопштил Боскар.
Земајќи ја превид структурата на транскацијата, цената ќе биде конечно одредена во моментот на заклучувањето.
„Потпишувањето на договрот за SPA е важен чекор во процесот на планирано преземање на ПИК Врбовац и понатамошен развој на прехрабената деловна вертикала на компанијата Боскар. Уверени сме дека ПИК Врбовац, заедно со Панавита и Милнар, можат да формираат силна регионална платформа за храна и земјоделство насочена кон долгорочен раст, оперативна извесност и зајакнување на отпорноста на ланците за снабдување во регионот. Сега се соочуваме со завршната фаза на процесот, која вклучува добивање регулаторни одобренија и исполнување на преостантите услови за заклучување на транскацијата. Ќе продолжиме благовремено да ја известуваме јавноста за сите релевантни чекори“, рекол Дарко Хорват, претседател на Управата на компанијата BOSQAR d. d, холдинг компанија на компанијата Боскар инвест груп.
Се создава водечка регионална група за свежа храна
Како што е претходно најавено, по потпишувањето на договорот и добивањето на потребните регулаторни одобренија, вертикалата „Future Food“ група на „Bosqar Invest Group“ би требало да стане водечка група за свежа храна во регионот. Според јавно достапните финансиси извештаи за 2024 година, новата група би имала околу 640 милиони евра приходи и приближно 4,800 вработени.
Обединетиот систем би опфатил неколку фарми, годишно производство поголемо од 120,000 тони месо, овошје, зеленчук и пекарски производи, три големи погони за преработка и капацитети од околу 120,000 свињи и 4,5 милиони бројлери (кокошки).
Кога транскацијата ќе биде завршена, се очекува дека „Bosqar Invest“ ќе оствари повеќе од милијарда евра годишни приходи и повеќе од 100 милиони евра EBITDA на консолидирана основа во 2026 година.
Извор: b92.net

