МакедонијаСветот на работникот

Завршува проектот „Месеци на практикантство“

Денеска ќе се одржи завршниот настан по повод реализацијата на проектот „Месеци на практикантство“, насочен кон стекнување практично искуство и поврзување на младите со можностите за професионален развој.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска.

Во рамки на завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот и искуствата стекнати во текот на неговата реализација, со акцент на значењето на практикантството за професионалното усовршување и полесното вклучување на младите на пазарот на трудот.