Светот на работникот

Зошто ги одложуваме работите кои всушност сакаме да ги направиме?

Постои посебен вид на прокрастинација кој е тешко да се објасни. Знаеме дека нешто сакаме да направиме, важно ни е, можеби за тоа долго сме размислувале, а сепак од ден во ден пронаоѓаме причина да го одложиме почетокот.

Следен понделник. Утре. За пет минути.

Според Итамара Шатз, предавач на Универзитетот Кембриџ и автор на книгата „Solving Procrastination“, проблемот не е нужно во тоа што не ни е грижа. Напротив, понекогаш го одложуваме токму она што ни е важно. Шатз се бави со прокрастинација и развил практичен пристап базиран на повеќе од 500 научни студии.

Не одлагаме затоа што не ни е грижа

Прокрастинацијата често се гледа како проблем со дисциплината или лошо управување со времето. Меѓутоа, зад неа може да стои многу покомплициран психолошки процес – конфликт помеѓу она што сакаме да го направиме и она што во дадениот момент ни е полесно или попријатно. Една од причините може да биде перфекционизмот.

Кога нешто особено ни е важно, можеме себеси си да си поставиме превисоки стандарди. Наместо да го направиме првиот чекор, размислуваме за тоа дека резултатот мора да биде совршен. На крајот е полесно да не започнеме отколку да се соочиме со можноста дека нема да ги исполниме сопствените очекувања.

Затоа прокрастинацијата не е резервирана само за непријатните обврски. Можеме да одлагаме и проекти на кои им се радуваме, важни деловни цели или активности кои долго сме сакале да ги започнеме.

Еден од начините тој образец да се прекине е перфекционизмот да го замениме со идејата дека е доволно добро – навистина доволно добро. Наместо да се обидуваме да ја елеминираме секоја можност за грешка, покорисно е да се постават реални стандарди и да се насочи вниманието кон она што сакаме да го постигнеме.

Проблемот не секогаш е во организација на времето

Ако постојано одлагаме некоја обврска, природно е прво да се обидеме подобро да го организираме времето. Правење на распоред, листа на задачи и користењето на апликации за продуктивност можат да бидат корисни, но нема да го решат проблемот ако не знаеме поради што ја избегнуваме одредената задача.

Прокрастинацијата често е поврзана со желбата веднаш да почувствуваме задоволство и да ја избегнеме непријатноста. Затоа можеме да знаеме дека одредена работа не чека, да имаме доволно време за неа и дури да имаме добро срочен план, а сепак да завршиме скролајќи на социјалните мрежи или правејќи нешто потполно неважно.

Наместо да се потпираме исклучиво на волјата, покорисно е да се сведе задачата на мали и остварливи чекори, да направиме пауза кога ни е навистина потребна и да се обидеме да работиме во согласност со периодите од денот кога сме најпродуктивни.

„Следниот пат ќе бидам подисциплиниран“

Уште една стапица се крие во уверувањето дека следниот пат едноставно ќе имаме повеќе самоконтрола.

Ако веќе неколку пати сме ја одложиле истата задача, лесно е да помислиме: „Следниот пат само ќе се натерам да ја завршам.“ Проблемот е во тоа што на овој начин се потпираме на истата стратегија која претходно не функционирала.

Наместо тоа, покорисно е да се погледне сопственото однесување без разубавување. Ако претходно во слични ситуаци сме го избирале телефонот, социјалните мрежи или некаков друг облик на одвлекување на вниманието, постои голема шанса да го повториме тоа.

Тоа не значи дека сме осудени на истиот образец. Напротив, кога реално ќе согледаме што обично не прекинува, можеме да го промениме пристапот и да пронајдеме стратегија која навистина ќе функционира.

Не постои едно решение за сѐ

Важно е и тоа дека прокрастинацијата нема ист ефект кај сите луѓе.

Некои одложуваат поради перфекционизам, некои затоа што лесно го попречуваат други работи, додека кај некој проблемот може да биде поврзан со преоптовареност или согорување. Поради тоа ниедно универзално правило, апликација или техника за продуктивност нема нужно да им помогне на сите.

Првиот чекор е да го препознаеме сопствениот образец.

Можеме да се запрашаме кога најчесто одлагаме, каде тоа се случува и што правиме наместо задачата која ја избегнуваме. Корисно е да се размисли и за ситуации во кои сепак успеваме да бидеме продуктивни. Разликата помеѓу тие две ситуации може да покаже што всушност не кочи.

Понекогаш зад наизглед едноставна дистркација се крие многу подлабока причина. Социјалните мрежи, на пример, можат да изгледаат како проблем, додека ввистинската причина да е стравот дека нема да бидеме доволно добри.

Проблем стар илјадници години

Иако денешното опкружување прокрастинацијата ја прави особено лесна – од постојани дигитални дистракции до сѐ поглемиот број на работни места кои изискуваат самостојна организација – таа не е модерна појава.

Луѓето со одлагањето се борат илјадници години. Тоа е длабоко повразно со начинот на кој реагираме на непријатноста и краткорочните награди.

Затоа решението не е нужно во тоа да станеме совршено дисциплинирани. Поважно е да разбереме што се обидуваме да избегнеме и поради што моменталната дистракција ни е попривлечна од целта која сме си ја поставиле.

Кога следен пат ќе се фатиме себеси како одлагаме нешто што всушност ни е важно, можеби прашањето не би требало да биде: „Зошто сум толку недисциплиниран?“ Подоброто прашање е: „Што во врска со оваа задача моментално ми е толку непријатно што сакам да ја одложам?“

Одговорот на тоа прашање може да биде прв чекор кон промена на образецот.