СветСиндикат

Американскиот синдикат на актери ќе го преиспита прелиминарниот договор со стриминг сервисите

Членовите на управниот одбор на американскиот синдикат SAG – AFTRA кој ги претставува телевизиските и филмските актери оваа недела би требало да го преиспитаат прелеминарниот договор со студијата и стриминг сервисите.

Иако спогодбата објавена во сабота, која треба да биде одобрена од управниот одбор на Здружението на филмски актери – Американската федерација на телевизиски и радио уметници, а потоа да биде ратификувана со гласање на членовите, за да стапи во сила, пренесува Асошиејтед прес.

Според наводите на извор запознаен со преговорите, новиот договор би траел четири години, а клучните теми кои ќе ги вклучи опфаќаат регулација на употребата на вештачката интелигенција во креирање на дигитални ликови, како и подобрување на системот за надоместок за репризирање на содржината. Претседателот на синдикатот, Шон Астин претходно порачал дека актерите нема да се откажат од веќе изборените права, додека од студијата порачале дека целта е да се постигне стабилен и долгорочен договор.

Ако спогодбата биде потврдена, американската филмска индустрија би го избегнала повторувањето на големите штрајкови од 2023 година, кои значајно ја попречија продукцијата во Холивуд.

Извор: Politika