Пратеничке Ласовска, недела неработен ден е нешто кое работниците од приватен сектор го барале, оние од кои сте на таа функција, од нив го црпите легитимитетот. Тие ве гласале.
Прашајте ги работниците во фабрики, колонијали, маркети , молови , како им е.
Додека да имаме исплата и евиденција на секој прекувремен час, недела, празник, ќе бараме да ги нема како такви
Не може да има откази поради тоа што недела ќе е неработен ден оти имаме време од понеделник до петок да пазаруваме, функционира и ќе се навикнеме. Време е за некои вредности да се вратат.
И до сега имаше посебна категорија кои можат да си дозволат шопинг во Солун. Мнозинството нема. Ако тоа значи дека ќе се загрози економијата што вработените ќе бидат дома со фамилијата во недела, нека е.
И така. Недела неработен ден , се додека работодавачите ги злоупотребуваат законите, евиденцијата, трудот на работниците.”
Фб статус на Кристина Ампева
⬇️⬇️⬇️⬇️📢🔊
“Од денеска на Топ телма:
❌Пратеничке Ласовска, недела неработен ден е нешто…