Фејсбук статус на Александра Андреева, Комора на сметководители:
Сметководителите се единствената врска меѓу државата и стопанството, преку нас мине пресметката на сите придонеси, даноци, извештаи, како и спроведувањето на сите економски мерки за справување Ковид кризата.
Немањето слух на институциите и личните интереси на повеќе заинтересирани страни ја доведуваат оваа професија во изумирање. 70% од сметководителите се на возраст над 55 години, а само 890 млади под 35 години!
Права наспроти обврски, нов Закон по меѓународни стандарди, заштита од нелојална конкуренција, се само дел од потребните чекори за издигнување на професијата на местото кое го заслужува.