Базени, картинг стази и бункери за речиси милион луѓе: Европскиот град направил паралелен свет под земја
Додека поголемиот дел од европските метрополи се развиваат во висина, Хелсинки избрал потполно поинква насока – ширење длабоко под земјата. Под улиците на престолнината на Финска лежи фасцинантен, паралелен свет кој не само што е подготвен за мрачни денови, туку е и плусирачки центар на секојдневниот живот.
Живот во прегратката на гранитот
Престолнината на Финска користи своја специфична основа од цврст гранит за да ги ископа просторитее кои служат за сѐ, освен за првата работа на која ќе помислите кога ќе го слушнете зборот „бункер“.
На длабочина од 30 метри се наоѓаат детски игралишта со топогани, базени со олимписка големина, па дури и картинг стази. Овие простори се високи, осветлени со модерен дизајн и исполнети со свеж воздух, па посетителите често забораваат дека над нивните глави се наоѓаат тони на карпи и забрзан сообраќај.
Безбедноста како дел од социјален договор
За разлика од импровизираните скривалишта кои ги паметиме од историјата на Балканот, Хелсинки има повеќе од 5,500 наменски изградени објекти кои можат да примат речиси еден милион луѓе. Тоа е повеќе од вкупниот број на жители на градот.
„Подготвеноста е во нашето ДНК“, истакнуваат финските експерти, објснувајќи дека овие простори се користат секојдневно за да останат одржувани, но и за да бидат познати на граѓаните во случај на вистинска опасност.
Од базени до панк концерти
Подземниот град не е само за спортисти и за деца. Финските хеви метал и панк сцени својот глобален успех делумно му го должат на подземните бункери, кои со децении служат како звучна изолација за проба на бендовите. Цркви, музеи, па дури и вештачки езера, исто така, се вметнати во карпите, правејќи ја јавната инфраструктура отпорна на нордиските зими.
Овој модел покажува дека подготвеноста за вонредни ситуации не мора да биде мрачна. Во Финска станала прилика за иновации, игра и заедништво, создавајќи град кој е подеднакво функционален на површина колку и под него.
Извор: Blic.rs

