Бектеши: Следната недела ќе биде објавен повик за поддршка на фитнес центрите
Следната недела се очекува да биде објавен повик и за поддршка на фитнес центрите и други објекти кои биле принудно затворени поради пандемијата, рече министерот за економија на денешната прес-конференција на која соопшти дека се објавени седум повици за поддршка на бизниси кои беа најпогодени од пандемијата со Ковид-19.
– Веќе следната недела ќе имаме состаноци со претставници на фитнес клубовите и потоа и за нив ќе биде објавен повик за поддршка – рече Бектеши.
Министерот за економија, рече дека прво ќе се разговара со претставници на фитнес клубовите, а потоа ќе се донесе мерката.
Бектеши рече дека фитнес клубовите не се заборавени бидејќи и тие беа затворени во овој период.

