МакедонијаСветот на работникот

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1.4 отсто. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0.5 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 10.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %.