МакедонијаПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Дали БЕЗЗАКОНИЕТО е причина за заминување на граѓаните од државата?

Проблемот на појавата на беззаконието од страна на одредени работодавачи без разлика дали се во приватниот или јавниот сектор секогаш ги примам со одредена резерва, со незадоволство и жалење, затоа што секое прекршување на правата од работен однос има подлабок ефект, вели во интервјуто за порталот Работник, проф. д-р Лазар Јовевски.

„Прекршувањата на правата од работен однос се рефлектираат негативно и кон работниците, но и работодавачите, а секако и кон општата атмосфера во општеството во однос на трудовите прашања“, истакна Јовески.

Според него, сето тоа влијае на општата свест кај граѓаните за тоа дали Македонија е функционална во делот на пазарот на трудот. 

Тој посочи дека непочитувањето на правата од работен односи има голема улога во желбата на граѓаните да ја напуштат државата.

 

Бобан Илијевски