МакедонијаПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) КСС излезе со докази за нерепрезентативноста на ССМ

Во изминатиот период КСС прими неколку документи, со што се докажува моментот на фалсификување на Економско – социјалниот совет и репрезентативноста на социјалните партнери, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.

 

Во прилог следуваат фотографии од известувањето за пресудата за исклучување на синдиктот МЕСО од Сојузот на синдикатите на Македонија коишто од КСС ги приложија на медиумите:

„Со ова известување се докажува дека ССМ нема репрезентативност, ниту на национално ниво, ниту во јавниот сектор, ниту во приватниот сектор. Ова докажува дека КСС е едниствениот репрезентативен и најголем синдикат во јавниот сектор“, рече Ралповски. 

Ралповски приложи и документ од Известувањето за исклучување на синдикатот МЕСО, на којшто е потпишан Претседателот на ССМ Дарко Димовски, со кое се испраќа пресуда, одлука за мирување и исклучување. 

Ралповски укажа на тоа дека во Централниот Регистар ССМ нема заведено ниеден синдикат, додека КСС тоа го има направено.

Тој истакна дека имаат сознанија дека и други синдикати биле исклучени, од страна на Сојузот на синдикати на Македонија којшто ја добил репрезентативноста, на национално ниво со процент 10,07, што покажува дека без овој синдикат немаат никаква репрезентативност. 

Посочи дека добиле одговор од Министерката за труд и социјална политика, за тоа како веќе две години  се опструира репрезентативноста на КСС, со целосна кореспонденција со социјалните партнери, ОРМ и ССМ коишто ја попречувале Комисијата за утврдување на репрезентативноста и велат дека имаат здравствени проблеми или некакви други обврски и не можат да присуствуваат на Комисијата. 

Потенцираше дека Министерката за труд и социјална политика им испратила известување за тоа на кои датуми се одржала Комисијата за утврдување на репрезентативноста. 

„Преписката којашто ја имале со подобните социјалните партнери со којашто ги фалсификувале документите за репрезентативност е оваа што ни беше официјално испратена од Министерството за труд и социјална политика“, рече тој и нагласи дека затоа КСС поднесе тужба за утврдување на репрезентативноста којашто треба да ја утврди судот. Тој истакна дека денеска ќе испратат и Барање за преиспитување на репрезентативноста на социјалните партнери, вклучително и Организацијата на работодавачи на Македонија која наместо преку Законот за работни односи, репрезентативноста ја добила без кворум, согласно Законот за Општа и управна постапка.