(Видео) Препораки за заштита на работниците на работните места
Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР на својот јутуб канал постави видео, во кое се даваат инструкции за тоа како најдобро работниците да се заштитат на своите работни места од вирусот Ковид 19.
Поради тоа што има голем број на заразени работници на нивните работни места, овие препораки се од голема помош.
Порталот Работник уште на почетокот од појавувањето на вирусот Ковид – 19 во Македонија направи интервју со претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски, каде тој ги посочи препораките за заштита на работно место од вирусот Ковид – 19.

