Во Западен Балкан има 1,4 милиони работници
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу рече дека формирањето на заеднички пазар на Западен Балкан може да донесе дополнителен раст на бруто домашниот производ во регионот.
Во видео обраќање, објавено на официјалната веб-страница на Брегу, таа презентираше аргументи во корист на формирање на заеднички регионален пазар, нагласувајќи дека пазарот на 18 милиони луѓе е многу привлечен на ЕУ и глобалната сцена. Таа изјави дека 1,4 милиони луѓе се регистрирани како невработени во Западен Балкан, од кои 760.000 се жени, додавајќи дека во регионот се вработени милион повеќе мажи отколку жени.
Повеќе на пари.мк
