Вести

Во Македонија секој ден некој се повредува на работа, но тоа не се евидентира

Анализите на ИЈЗ покажуваат дека во текот на 2022 година се забележани вкупно 574 повреди на работа, за разлика од 2021 година, кога на работното место се повредиле 680 лица. Вкупните бројки велат дека во изминативе две години на работа се повредиле 1.254 работници, што потврдува дека во изминативе две години имало подобри услови на работните места, па се намалиле и бројот на повредите. Од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) при ССМ, за весникот ВЕЧЕР, укажуваат дека не се согласуваат со овие статистики на ИЈЗ , бидејќи изминативе години условите за работа во компаниите не се подобрени, а многумина во градежништвото работат на црно и овие несреќи не се евидентирани

Работниците во Македонија лани имале повеќе среќа на своите работни места, бидејќи за 16 отсто имало помалку повреди во однос на 2021 година, а немало ниту едно лице со смртни последици. Според анализите на Институтот за јавно здравје, во текот на 2022 година се забележани вкупно 574 повреди на работа, за разлика од 2021 година, кога се повредиле на работното место 680 лица. Бројките покажуваат дека во изминативе две години имале некој вид повреда 1.254 работници. Овие анализи на ИЈЗ насочуваат на заклучокот дека во изминативе две години имало подобри услови на работните места, па се намалиле и бројот на повредите. Само за споредба во 2017 година повредени биле 1.111 работници, а во 2018 година оваа бројка изнесувала 846 повредени лица.

Повеќе на Вечер.Прес

Фото: Unsplash