Во оваа земја секојдневно се затвораат по два паба: На угостителите не им е лесно
Во Велика Британија во текот на првите три месеци од 2026 година затворени се 161 пабови, односно речиси два дневно.
Што е еквавилентно на губење околу 2,400 работни места, а угостителите се’ повеќе се жалат на раст на даноци и други трошоци, покажува новиот извештај на Британското здружение на пивари и пабови (BBPA).
Претходно во 2025 година, затворени се 336 пабови во Британија, што покажува дека негативниот тренд во индустријата се забрзува, пренесува BBC.
Како главни причини за затворање се наведуваат високите даноци, раст на оперативните трошоци и платите, промените на навиките на потрошувачите кои го намалуваат бројот на излегувања во пабови, како и растот на цените на енергенсите.
Директорката на BBPA, Ема Мекларкин предупредила дека затворањето на пабови не е само последица на недостатокот од побарувачка, туку и високите фискални и оперативни трошоци кои ги уништуваат профитите, така што многу објекти, и покрај добриот промет, не можат да функционираат одржливо.
Британската влада, според сопствените зборови, се обидува да го ублажи притисокот низ олеснување од 15 % на давачките, замрзнување на даноците во наредните две години, продолжување на работното време во текот на големите настани како Светското првенство и дополнителни фондови за поддршка на угостителството.
Извор: b92.net

