Ова се работни места од соништата кои звучат како да се измислени: Навистина постојат и многу добро се платени – проверете!
Кога ќе слушнеме дека некој заработува за живот тестирајќи луксузни кревети, дегустирајќи чоколадо или посетувајќи егзотични острови, првата реакција обично е неверување. Меѓутоа, зад овие необични занимања се крие сериозна деловна логика.
Последните години, развојот на дигиталната економија, туризмот, забавната индустрија и премиум производите довел до појава на работни места кои до скоро делувале како научна фантастика. Нетфликс ангажира лица кои ја означуваат содржината за алгоритмите попрецизно да ги препорачуваат филмовите и сериите, хотелските ланци корстат тајни гости за проверка на квалитетот на услугите, додека производителите на видео игри вработуваат тестери кои откриваат грешки пред производот да излезе на пазарот.
Искуството станало поважно од производот
Најголемата промена се случила во начинот на кој компаниите ги гледаат потрошувачите. Некогаш било доволно да се произведе квалитетен производ. Денес е потребно да се креира комплетно корисничко искуство.
Поради тоа се појавуваат занимања како истражувач на луксузни патувања, фотограф на приватни јахти или водич за тури за набљудување на поларната светлина. Нивната задача не е само да ја извршуваат работата, туку и да им помогнат да компаниите да го обликуваат искуството кое потрошувачите сакаат да го платат.
Економијата на внимание создава нови занимања
Многу од овие работни места настанале благодарение на социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг.
Фотографите на приватни јахти, стилистите на храна или креаторите на содржини за туристички дестинации всушност работат во индустријата на вниманието, каде квалитетот на фотографиите или видео снимките директно влијае на продажбата на производи и услуги.
Компаниите се подготвени да вложат значајни средства за нивните производи да изгледаат попривлечно и за да се издвојат од конкуренцијата.
Не е се’ гламурозно како што изгледа
Иако звучат како професии од соништата, поголемиот дел од овие занимања изискуваат специфични знаења и голема одговорност.
Тестерот на видео игри поминува часови барајќи грешки во системот. Дегустаторот на чоколада поминува низ сериозна обука за да може да ги разликува нијансите на вкусот. Тајниот гостин мора детално да го процени секој аспект на услугата и да достави прецизен извештај до компанијата.
Со други зборови, зад атрактивните називи често се крие сериозна професионална работа.
Што ова зборува за пазарот на труд?
Можеби најважната порака е дека пазарот на труд се менува побрзо од кога било.
Многу работни места кои денес привлекуваат внимание не постоеле пред една или две децении. Истовремено, развојот на вештачката интелигенција, автоматизацијата и економијата на искуства создава потполно нови професии кои допрва ќе станат вообичаени.
Поради тоа прашањето за иднината на работата повеќе не е „која работа ќе исчезне“, туку „која работа уште не е измислена“.
Извор: Telegraf Biznis

