ЕкономијаМакедонија

Генерали инвестментс: Ако вакцината е ефективна, динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

-2020 година полека завршува но многу подобро отколку што можеше да се очекува на почетокот на пандемијата. Претпоследната недела од годината ни донесе нов стимулативен пакет во САД во износ од 900 милијарди долари. Се очекува дека ќе ги ублажи ударите предизвикани од пандемијата, а сите погледи се свртени кон новата администрација на Бајден, која се очекува да добие дополнителна поддршка во февруари. Стимулативниот пакет, меѓу другото, носи еднократна поддршка од 600 УСД за секој Американец и 300 УСД дополнителна поддршка на невработените лица неделно, до крајот на март 2021 година. Стимулацијата беше очекувана на пазарите, па затоа не очекуваме прекумерна реакција на почетокот. Од друга страна, гледаме како се интензивира пандемијата, бројката на новозаразени и смртни случаи на глобално ниво поставуваат рекорди, па овој пат Божиќните и Новогодишните празници ќе бидат навистина различни.

Повеќе на Фактор.мк