Германските плати послаби отколку во 2019 година
Платите во Германија во вториот квартал пораснале за 4,1 отсто, повторно значително повеќе од инфлацијата, соопшти Федералниот завод за статистика – Дестатис.
Инфлацијата во истиот период изнесувала 2,1 отсто, што значи дека реалниот раст на платите е 1,9 отсто, пренесува ДПА.
Трендот на зголемување на куповната моќ трае веќе две години, но ефектот на високата инфлација од 2022 и 2023 година е сè уште присутен. Тогаш, поради руската агресија врз Украина и драстичното поскапување на енергенсите, вредноста на парите и куповната моќ на платите беа значително еродирани.
„Платите во второто тримесечје од 2025 година сè уште се послаби отколку во истиот период во 2019 година. Тоа е долг и тежок период за вработените“, изјави економистот Малте Либкер.
Според податоците, номиналните плати најмногу пораснале во секторите финансии и осигурување – за 7,6 отсто, исто колку и во професионалните, научни и технички услуги. Во останатите економски услуги растот изнесувал 5,5 отсто, додека во енергетскиот сектор платите бележат пад од 0,2 отсто.
Статистичарите забележуваат дека во вториот квартал најбрзо растеле пониските плати.
Извор: b92.net

