ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Дел од работниците започнале на работа без да бидат пријавени во задолжително социјално осигурување

Фејсбук статус на Гласен Текстилец:

🔴По барање на “Гласен Текстилец” беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИТ на АЛЕКС ЕКСПОРТ ДООЕЛ Подружница Пробиштип по претходно добиени поплаки од страна на работниците дека им се прекршени права од работен однос.
❌По извршениот инспекциски надзор од страна на ДИТ се констатирани неправилности и недостатоци при работењето кај работодавачот од кое е утврдено дека дел од работниците започнале на работа без да бидат пријавени во задолжително социјално осигурување.
📣Донесено е решение со изречена инспекциска мерка и со задолжување на оттстранување на неправилностите во даден законски рок.
✅Ова е уште една ефикасна и успешна соработка со ДИТ и со ова ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.