Здружението Гласен Текстилец најостро реагира на новиот предлог Закон за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација во кое се менува полното работно време на административните службеници за кое досегашните 40 часа неделно, се менуваат на 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.
Гласен Текстилец истанува дека ваквиот предлог Закон е дискриминатроски и се коси со уставно загарантираните права и слободи на граѓаните бидејќи граѓаните се еднакви пред Уставот и законите.
Согласно Уставот на РСМ секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
Претседателката на Гласен Текстилец Кристина Ампева не се согласува со овој предлог Закон со образложение дека вработените во приватниот сектор НЕ се ставени во иста положба со вработените од јавната администрација и истите се дискриминирани во делот на работното време и платите.
Дека станува збор за дискриминаторски предлог Закон зборува и фактот што во членот 6 од ЗРО работодавачот не смее барателот на вработување или работникот, да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности.
На жените и мажите мораат да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман во врска со пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата, условите за работа, еднаква исплата за еднаква работа, професионални шеми за социјалното осигурување, отсуство од работа, работно време и откажување на договорот за вработување.
Гласен Текстилец го повикува предлагачот на предлог Законот за административни службеници истиот да биде повлечен, бидејќи со овој предлог Закон работниците се дискриминирани и ставени во нерамноправна положба.
Гласен Текстилец го повикува Сојузот на синдикати на РСМ како репрезентативен синдикат кој ги подржува овие противзаконски и дискриминаторски закони да се залага за еднаквост на работниците и нивните права од работен однос, бидејќи истите се согласија вработените од јавниот сектор да им биде исплатен целосен регрес од годишен одмор а додека имаме правна празнина во Општиот колективен договор во стопанството и на вработените од приватниот сектор им се исплаќа регрес од 1 до 100 денара.
Гласен Текстилец досега исто така реагираше на предлог Законот за недела неработен ден за кои сметаме дека вработените од приватниот сектор мора да бидат ставени во иста положба како и вработените од јавниот сектор, бидејќи како социјална држава истите сме еднакви пред Уставот и законите и секое непочитување доаѓа до грубо прекршување на работничките права.