ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Работничките нема да се откажат од правата кои им следуваат

Фејсбук статус на „Гласен Текстилец“: 
 
Вработените во фирмата АЛКОН ТЕКС ШТИП, втор ден се на протест со кој го искажуваат револтот на начинот на работење на работодавачот во однос на прекршување на работничките права и неисплаќањето на плати и придонеси на плата. Дополнително, сето ова се случува во услови на тешка здравствена и економска криза, кога трошоците за исхрана и основно живеење на работниците секојдневно се зголемуваат, а плаќањето на нивните сметки за струја и за вода и побарувањата на извршителите и кредитите кон банките не се одложува, ниту пак чека на нивните плати.
Работничките нема да се откажат од правата кој им следуваат од работен однос особено неисплаќањето на плати и принуден одмор бидејќи не бараат од работодавачот парични побарувања кој не ги заработиле туку си го бараат она што го постигнале со својот труд и посветеност во работењето.
Источниот регион е регион каде е застапена најмногу текстилната индустрија во нашата држава, во која маката на текстилните работнички се најмногу изразени и најмалку платени. Текстилната индустрија е најслабо платена индустрија во нашата држава, а често се случува и работничките да добиваат и плата која е подминимална од законски утврдената. Жените од источниот регион најчесто се застапени во работната сила во текстилната индустрија каде прекршувањето на нивните права се во голем размер а мобингот и родовата дискриминација се секојдневие.
Гласен Текстилец од Штип ќе продолжи да ги поддржува работничките од текстилната индустрија во остварувањето на нивните права. Правото на работа и на сооедна заработувачка е уставно загантирано право на секој вработен и не исплаќањето на плати и придонеси на плати претставува удар по егзистенцијата на работниците и на нивните семејства.
Работничките не се сами во својата борба за работнички права покрај Гласен Текстилец од Штип поддршка од вчерашниот и денешен протест добија и од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.