ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Уште една успешна соработка со ДИТ

🔴По барање на “Гласен Текстилец” беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИТ на ДПТУ ТОМА ТЕКС Кратово по претходно добиени поплаки од страна на работниците дека им се прекршени права од работен однос.
❌По извршениот инспекциски надзор од страна на ДИТ се констатирани неправилности и недостатоци при работењето кај работодавачот од кое е утврдено дека работодавачот не исплатил плата за месецот Јуни 2021 и не и се исплатени придонеси од плата за вработените.
📣Донесено е решение со изречена инспекциска мерка-глоба и со задолжување на оттстранување на неправилностите во даден законски рок.
✅Ова е уште една ефикасна и успешна соработка со ДИТ и со ова ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.